Некогаш најнаселеното место во светот…Каулун Волд Сити (Kowloon Walled City) во Хонг Конг.
50.000 луѓе (33.000 семејства и бизниси) на исто место на 25.000 м² во 300 згради меѓусебно поврзани со безброј импровизирани ходници и скали.
Животот се живеел, бизнисите цветале во овој просторен феномен. Се до 1991 год., кога заради зголемената популација, целосно небезбедни услови за живот, ужасна хигиена и криминал во пораст, властите во Хонг Конг одлучија да го срамнат со земја и на негово место да направат парк. Сите жители на Каулун се обештетени со 2.7 билиони долари и после неколку-месечната евакуација на населението, Куалун Волд Сити, градот-во-градот стана историја.
За тоа како некогаш се живеело сведочат овие фотографии: