Yulia Brodskaya. Филиграни од хартија

Yulia Brodskaya (род.1983, Москва) е уметник и илустратор, позната по рачно изработените, елегантни и прецизни илустрации од хартија. Во 2004 год. таа од Москва, Русија доаѓа во Велика Британија. Тука го продолжува своето образование и во 2006 год. дипломира на Одделот за Уметност и Графичка комуникација на Универзитетот Хертфортшир. Експериментирала со разновидни креативни решенија како Сликање на платно, Оригами, Колаж и Традиционални техники за масло на платно. Во Британија својата професионална работа ја почнува како слободен графички дизајнер за да покасно премине на изработка на илустрации. Влијанието од графичкиот дизајн има големо влијание на нејзината илустраторска работа што се гледа од нејзините дела кои имаат изразен типографски фокус.

Бродскаја се користи со техниката Quilling (Филигран со хартија) со која лентите од хартија се виткаат да создадат сложени форми. Техниката се користи од многу одамна , но со вештите раце на Јулија таа е возобновена и денес повторно актуелна.

Иновативниот пристап  во илустрациите со хартија ја направија Јулија меѓународно призната и во 2009 год.  прогласена е за ”ѕвезда во подем”. Во продолжение ви носиме мал дел од нејзините дела:

Quilled-Paper-Illustrations-Yulia-Brodskaya-4 yulia-brodskaya-quilling-3 Arch2o-Paper-Art-Yulia-Brodskaya-11 yulia08 yulia-brodskaya Yulia-Brodskaya5 Yulia-Brodskaya4 Yulia-Brodskaya3 Yulia-Brodskaya2 Yulia-Brodskaya1

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

You may also like...