Skip to main content

Винските зони на ЕУ преставува механизам за спроведување на европските вински регулативи, кои се однесуваат на одредени аспекти од производството на вино. Зоните се разликуваат по климатските карактеристики потребни за постигнување доволна шеќерност на грозјето. Постојат 21 земји во Европа кои произведуваат вино, од кои 14 бележат значително производство. Во бербата 2004/2005 во ЕУ се произведени 184 милиони хектолитри вино што претставува 70% од светското произвоство.

Вински зони и вински региони што се дел од нив се следниве:

EuZoni

Зона А (најстудената) се состои од Германија освен Баден, Луксембург, Белгија, Холандија, Велика Британија, дел од Чешката Република и земјите од  северна  Европа каде што комерцијалното производство на вино е маргинален бизнис.

Зона се состои Баден во Германија, Австрија, француските  региони Алзас, Шампањ, Јура, Лоара, Лорен и Савоја  делови од Чешка, Словачка, Словенија и Романија.

Зона C (најтоплата), која е поделена на неколку подзони:

Зона C I, се состои од француските  региони Бордо, Бургундија, Прованса, Рона, некои области на северот од  Италија, некои области во северниот дел на Шпанија, повеќето од Португалија, Унгарија, и делови од Словачка и Романија.

Зона C II, која се состои од Лангедок-Русијон во Франција, поголемиот дел од северна и централна Италија, поголемиот дел од северна Шпанија и делови од Словенија, Бугарија и Романија.

Зона C III a, составена од делови на Грција, Кипар и Бугарија.

Зона C III b, се состои од мали делови во близина на Медитеранскиот брег на Франција и Корзика, јужна Италија и Шпанија, некои делови од Португалија, поголемиот дел од Грција, делови од Кипар и Малта.

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...