Skip to main content

Кратошија е една од најпознатите сорти на црно грозје во Македонија. Кратошијата по потекло претставува црногорска сорта на грозје. Се одгледува и во Далмација каде што е позната и по името краткошија. Кај нас во Македонија сортата Кратошија често ја мешаат со сортата Вранец со која е многу слична.

Со современи молекуларно генетски постапки е утврдено дека сортата е идентична со Зинфандел, Примитиво и Каштелански црњек

kratosija

Оваа сорта е касна сорта и созрева во втората половина на септември во регионот на Повардарието додека во останатите зрее малку подоцна.Оваа сорта бара средно плодни и умерено влажни почви. Добро поднесува суша, при што развива голема шеќерност и поинтензивна боја. Не поднесува ниски температури.

Гроздот на Кратошијата е со просечна тежина од 210 грама. Ширата од Кратошија содржи од 190-210 g/l  шеќер ,и 7-7.5 g/l вкупни киселини. Произведените вина се средно јаки 11-12%vol алкохол и 6.5 g/l вкупни киселини, недоволно се обоени и хармонични.

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...