Skip to main content

Аерација. Процес на изложување на виното на воздух, се со цел да би се осетиле најдобрите ароми.

Арома. Мирис на виното. Општ поим за основните мириси на виното.

Ароматични компоненти. Супстанции во виното,кои потекнуваат од грозјето,процесот на производство или од процесот на одлежување односно стареење на виното, а кои се одговорни за вкусовите и мирисите (аромите) на виното.

Ароматично. Поим кој опишува вино со нагласен мирис,се користи обично за овошните и цветните мириси.

Баланс,рамнотежа. Меѓусебниот однос на алкохолот,резидуалниот шеќер, киселините и танините во виното.Кога ниту еден  од овие елементи не се издвојува премногу во устата, во овој случај се вели дека виното е добро балансирано.

Берба. Година во која е грозјето обрано

Богато. Опишува  вина кои нудат многу вкус,текстура или друг осет

Бујно,полно. Поим кој опишува вино кој остава осет на полност и ширење во устата.

Буке. Комплекс од развиени зрели ароми.

Бобинки (шумско овошје). Општ поим за ароми и вкусови што се јавуваат кај вината , а потсеќаат на капини ,боровинки,рибизла и друго црно овошје.

Блуткаво. Вина кои оставаат осет на собирање на устата,ова е како резултат на вишок на танини,киселини или на двете компоненти.

Вкус. Општ термин за впечатокот кој го остава виното во устата.Основни вкусови кои се забележуваат во виното се слаткост,киселост и горчина.

Вкусови. Ароматични компоненти на виното кои се приметуваат додека е во устата.

Винификација. Процес на претварање на ширата во вино

Декантирање. Преточување на вино од оригиналното шише во декантер, за да се оддели талогот а воедно и аерира.

Димено. Вино чии ароми или вкусови потсетуваат на дим или димено дрво.

Длабочина. Особина кај подобрите вина која резултира со повеќеслојност во вкусовите.

Должина. Особина кај подобрите вина која дава осет на вкусот по целата должина на јазикот.

Дабова нота. Нота на дабовина е особина на виното која потекнува од бурињата во кои одлежува виното.Ова нота дава комплексна арома на даб,препечено дрво и дим.

Дрвесто. Опис на црни вина кои оставаат впечаток на суви,груби,дрвени танини,како оние во дршката на грозјето.

Дебело.  Општ поим за многу полни или многу јаки вина.

Елеганција. Се однесува на вина кои оставаат,фин,деликатен впечаток, а воедно не се прејаки или агресивни

Живо. Вино чии особини живо се регистрираат од сите сетила. спротивно на ова е збркано вино.

Заокружено. Вино кое е заокружено во однос комбинацијата на киселост,слаткост,алкохол и танини.

Зељасто. Вино чии ароми потсетуваат на зеленчук.

Земјано. Вино чии ароми потсетуваат на земја ,почва ,овој поим се користи како атрибут за рустични,нерафинирани вина.

Згодно. Антропоморфен атрибут за вина кои се привлечни поради деликатноста .

corkwineGallery

 

 

Интензитет. Степен на изразеност на аромата и леснотијата на нејзиното приметување

Искричаво,свежо. Вино кое во устата остава впечаток на свежина,чистина и благо пецкање. Ова е резултат на висока киселост ,па овие вина се релативно лесни и добро се сложуваат со храна.

Изразито. Вино  со изразени и лесно воочливи карактеристики. Се користи за опишување на полни,заокружени вина.

Јаткасто овошје. Вино чии ароми постетуваат на орев,бадем,лешник и слично.

Камено. Вино со минерални ароми, кои потсетуваат на камен ,почва

Карактер. Антропоморфно својство на виното кое дава впечаток на материјалност и интегритет.

Катран. Вино чии ароми потсетуваат на свеж катран

Кедар.  Вино чии ароми потсетуваат на кедрово дрво

Киселост.  Компонента на виното која произлегува од винската киселина.

Компактно. Термин за опишување на вина кои даваат впечаток дека се јаки, но не и полни.

Комплесно. Вино кое има бројни ароми и вкусови.

Купажа. Мешање на двe или повеќе сорти на вино.

Квасци. Едноќелиски микроорганизми кои гроздовиот сок го претвараат во вино.

Мазно. Вино чија текстура не е ниту груба ниту остра.

Меко. Се однесува на вина чии алкохол и шеќер доминираат над киселините и танинот.

Меснато. Термин кој опишува впечаток на богата текстура на некои вина.

Минерално. Вино чии ароми потсетуваат на минерали,креда,кремен и сл.

Млитаво. Термин за опишување на вино со премногу меки вкусови како резултат на недостаток на киселост или танини.

Мацерација. Процес на потопување на лушпата на црното грозје во неговиот сок за збогатување во боја,танини и други супстанции што се наоѓаат во лушпата.

Нафтeно. Вино чии ароми потсетуваат на дизел гориво

Нагорено. Вино чии ароми или вкусови потсетуваат на нагорено дрво.

Напад. Првиот впечаток на виното при дегустација.

Одлежано во буре. Термин кој се употребува за вина кои се ферментирани во инертни (инокс) садови а подоцна преточени во буриња за да созреат.

Одлежано  во шише. Созревање на виното по флаширањето,пред да биде пласирано на пазар.

Оригинално полнето.Вина кои се направени од сопствени насади на производителот.

Остро. Термин кој се користи за вина со премногу киселини

Овошен карактер. Особини на виното кои произлегуваат од грозјето.

Овошно. Вино чии ароми се овошни ама не можат точно да се дефинираат.

Појачано вино. Вино на кое му е додаден алкохол.

Полусуво. Општ термин за вина кои не се потполно суви, а ниту преслатки.

Примарни ароми. Свежи ароми кои потекнуваат од сортата на грозје од кое е произведено виното

Полно. Вина кои оставаат впечаток на полност и тежина во устата. Виното може да биде пријатно полно или премногу полно во зависност од вкусот на оној кој го пие.

Разблажено. Вино чии ароми или вкусови се тенки и водликави.

Резидуален шеќер. Шеќер заостанат во виното по ферментацијата.

Седимент,талог. Цврст остаток во шишето на црното вино кој се формира во текот на созревањето.

Стеснато. Вино кое делува безизразно во однос на ароми,вкусови или структура.

Слаткост. Доживувањето на вкусот на шеќерот  во виното.

Силно. Антропоморфен атрибут за вина кои оставаат впечаток на снага и јачина.

Сортна карактеристика. Особина на виното кое потекнува од сортата на грозје од кое е направено виното.

Сортно. Вино кое е именувано по сортата од кое е направено.

Средно слатко. Термин за вина кои се послатки од средно сувите но не се потполно слатки.

Средно суво. Малку слатко вино.

Стара дабовина. Дабови буриња стари преку 3 или повеќе години и ги изгубиле своите својства.

Стара лоза. Винова лоза стара преку 40 години која дава исклучително квалитетно грозје.

Стил. Збир на особини преку кои виното се манифестира.

Структура. Впечатокот за виното кој е резултат на запазувањата по однос на алкохол,киселина ,танини и шеќер.

Суво. Вино кое не е слатко.

Свиленкасто. Вино кое има нежна текстура

Танин. Супстанција од лушпата,зрната и дршките на грозјето.Главна компонента на црните вина.Танинот е компонента која ја има и во дабовите буриња.

Танинско. Вино кое дава осет дека поседува голема количина на танини.

Тенко. Вино со недостаток на некој елемент

Текстура. Конзистенција на виното, или осетот кој го остава во устата.

Тело. Впечаток кој виното го остава во устата.Виното се опишува како лесно,средно или полно

Ферментација. Процес на претварање на шеќерот од грозјето во алкохол,под дејство на квасец.

Ферментирано во буре. Се користи за опис на вина кои ферментираат во дабови буриња, и кај овие вина нотата на дабовина е посуптилна отколку кај вина зреени во буриња.

Финиш. Конечен впечаток кој виното го остава по пиењето.

Хармонично. Вино кое е ,не само добро урамнотежено,туку остава и исклучително отмен впечаток.

Цврсто. Опишува вина кои не се меки, но не се ни груби. Во општ случај се однесува на содржината на танин во црното вино или на киселост во белото вино.

Vino i grozje

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...