Успешна работа во убаво дизајниран простор
Деловни простории, канцеларии, работни маси или биро во домашни услови?
Важно е каде работите. И што работите. И дали го сакате она што го работите. И во мал милион фактори кои придонесуваат за сите овие услови да бидат исполнети секако е и начинот и стилот на кој ви е организиран работниот простор, корпоративен или домашен.
Погледнете како тоа го направиле некои поеднинци или корпорации:
МНОГУ БОИ И ЛИЧЕН ПЕЧАТ
Работата може да биде многу забавна ако работите во канцеларија која ќе ве инспирира и мотивира. Игра на бои и персонализирање на работниот простор. Shopify имаат баш вакви простории. Cool!
IKEA СТИЛ. СЕ НА СВОЕ МЕСТО
Кога купувате мебел, независно од кој произведувач, секогаш внимавајте на можностите за прилагодување. Парчиња купени од разни места може да комбинирате да одговараат на вашите потреби. Икеа е симбол за организирано, лесно прилагодливо и функционално , па оттаму и името на овој стил.
MacBook Air РАБОТНО КАТЧЕ
Работните простори се честопати оптеретени со кабли, многу монитори и разно-разни гаџети. За едноставно организирање и чиста работна површина MacBook Air катчето би бил идеален избор. Убаво дизајниран држач, Bluetooth глувче и тастатура и спремни сте за работа!
СОН НА СЕКОЈ ДИЗАЈНЕР
Дизајнерите се посебно чуствителни на својот работен простор. Им треба се и тоа веднаш! Еве пример како и покрај скапоцената техничка опрема која би му била потребна на секој дизајнер и убавото елегантно биро, сепак има простор и за лични предмети без притоа да се ”задуши” работната површина.
РАБОТНО…АМА, ДОМА