Тропско село…во Германија!
Е ова е огромно! Затворениот простор на Забавниот парк Tropical Islands со површина од 66,000 m² (големина еднаква на 8 фудбалски игралишта) се наоѓа во Германија во Краусник, на 30 минути јужно од Берлин. Температурата во објектот е секогаш на идеални 26 °C . Забавниот парк е дом на најголемата дождовна шума во затворен простор на светот. Објектот нуди тропска сауна и спа, хотели, ресторани, 200 метарска песочна плажа, тобогани, место за игра и престој на отворено. Најдобра карактеристика на овој е објект е секако фактот што работи во текот на цела година, 24 часа на ден. Цената за престој е од 108€/ден.