Гламур. Сензационален банкет. Австралискиот режисер Баз Лурман и неговата жена Кетрин Мартин, која ги направи костимите за потребите на филмот го постигнаа токму тоа со премиерата на филмот ”Големиот Гетсби”. Филмот е базиран на новелата на Скот Фицџералд, сместена во 1920тите.
Во филмот, како впрочем и во животот, општествениот и економскиот статус ги дефинираат гардеробата и стилот. ”Старите” пари на наследниците, ”новите” пари на надежните бизнисмени од тоа време, се се меша, зачинето со страст, љубов, богати десерти и многу испиени чаши Шампањ.
За љубителите на модата ”Гетсби” е филм што мора да се гледа. Муча Прада ги изработи прекрасните костими на Кери Малиган (Дејзи Бјукенен). Брукс Брадерс ги изработија машките костими, летните одела, спортските елеци и смокинзите што ги носи машката екипа на чело со Леонардо ДиКаприо (Гетсби). И да, има многу накит. Не се тоа само асесоари туку вистински бисери, филиграни и дијаманти. Оние дијаманти на Тифани.