Германскиот уметник Маркус Ројгелс е специјалист во high-speed и макро фотографија.
Со изолирање на ударите на басот во техно музиката, Маркус ги ”фаќа” овие неверојатни и кратки моменти на експлозија на бои.
Тоа го прави на следниот начин:
1. Боите и водата ги става на балон со кој го обвиткува звучникот.
2. Ги изолира ударите на басот и го врти звучникот со отворот нагоре.
3. Користи микрофон кој е вклучен во StopShop единицата која ја иницира камерата/блицот да фотографира кога се емитува звук.
4. Експериментира со звуците и боите да добие максимален ефект на синхронизација.
Крајниот резултат е видлив на фотографиите: