Ваков телефон, онаков телефон… Па овој имал волку пиксели, та оној имал онаков зум.
За да направите супер зум на вашиот телефон (ако го немате, зумот мислиме) потребно е само старо ласерче и шнола (онаква за во коса). Следете ја постапката преку фотографиите и voila! имате зум…супер зум!
Чекор 1: Извадете ја леќата од старото ласерче 
Чекор 2: Еве што ќе ви остане после вадење на леќата 
Чекор 3: Еве ја и леќата, веќе извадена 
Чекор 4: Спојте ги леќата и шнолата во цврста ”прегратка” 
Чекор 5: Така прегрнати и споени (леќата и шнолата) залепете ги на телефонот онаму каде што е отворчето за камерата или постручно блендата
Чекор 6: Ова не е чекор, туку финиш: Сликајте нешто! Та, нели зум имате 🙂 
Чекор 7: Браво, сега пофалете се со супер зумираната фотка 