Уметникот Вилијам Ламсон си направи буквално слатка куќичка.
Куќичката на ридот со прекрасен поглед на сите четири страни на светот има улога на стакленик и истовремено служи како место за медитација и релаксацја. Целосно е проѕирна затоа што е изработена од, пазете сега, карамелизиран шеќер вметнат помеѓу две стакла. За да се добијат неколку нијанси (од златно жолта до темно кафена) шеќерот се грее на различни температури. Ефектот што го имаат боите под блесокот на сонцето е неверојатно убав.
Домот на неколку цитруси и местото во кое се одмара Вилијам е вистинско место од бајките. Ама, не онаа бајка за Ивица и Марица 🙂