Сите ја сакаат Tilda Swinton
Сите ја сакаат Tilda Swinton.
Модна икона? Идеална жена? Го прашавме модниот дизајнер Ненад Секирарски.
Основната карактеристика на секое појавување на Тилда е нејзината смелост да плени со наводната несовршеност зад која секогаш стои и вистински интелектуален концепт. Тоа што Андреј Пејиќ со своето женствено во машкото тело го истакнува на модните писти, Тилда со својата машкост, скоро како Џејмс Дин издание на новото време, го привлекува своето внимание насекаде.Мислам дека е далеку од идеалната жена, но можеби баш тоа ја прави да биде забележана. Морам да признаам дека идеалното, за мене, сепак се движи во некој друг правец.