Редок хибриден вид, помеѓу зебра и магаре се роди во Италија пред неколку месеци. Преслаткото животно -”зегаренце” се вика Ипо и е единствено од таков вид на Апенинскиот полуостров.
Приказната како се сретнале неговите родители оди вака: Зебрата Мартин ја прескокнал оградата на резерватот каде се наоѓал за да биде заедно со магарето Гилда. Нивната ”љубов”, по 12 месеци вродила плод, преслаткото зегаренце.
Ипо речиси во целост наликува на својата мајка, освен четирите пругасти ноџиња кои ги наследил од својот татко, љубовџијата Мартин.