На кинескиот уметник Женг Чунхуи му беа потребни 4 години да ја создаде најголемата скулптура од дрво на светот. Резбата се круниса со овој епитет и неодамна влезе во Гинисовата Книга на Рекорди благодарение на нејзината големина. Долга е нешто над 12 метри и го прикажува ”Животот на луѓето покрај реката за време на Фестивалот Кингминг”. Мотивите се од истоимената слика од 12. век на Женг Зедуан.