Пролетта е идеално време за отпочнување со нови градби или пак со реновирање на постоечките. Било како да е, покрај желбата, вкусот, потребни се и идеи како вашиот животен простор да го обновите на најефикасен начин и согласно вашите потреби.
Вниманието ни го зема ова интересно решение на семејна куќа во Тајпеј, Тајван. Постоечката куќа е повторно изградена. По уривањето останале само носечките ѕидови. Нови големи прозорци и мал балкон се додадени како би се овозможил поголем проток на светлина.
Доградба претрпеле и спалната соба, купатилото и гардероберот. Дизајнот е современ, во бела боја.
Белата боја преовладува низ целата куќа, преку подните површини, ѕидовите и дрвенаријата. Со тоа не само што просторот изгледа поголем отколку што е, туку сите простории меѓусебно се тонски и структурно поврзани со што се дава целина на просторот.
Иако куќата се наоѓа на другиот крај од светот, сепак традиционалните елементи од тоа поднебје не се користени и на тој начин овој простор изгледа современо и идеално се вклопува било каде.
Внатрешен дизајн : ATELIERII
Фотографии : Ivan Chuang