Разговор без смисол – Архангел

РАЗГОВОР БЕЗ СМИСОЛ

Било кој и било што може да те замени,
но нема љубов која може да те промени.
Сега знам, Скопје е само начин на кој ќе умреме.
И после сите промени, се ќе биде прекрасно,
а јас глуп, како и секогаш.
Јас стварно немам потреба да спијам со тебе.
Таа добро знае дека мразам што сум овде
и дека несакам да пијам повеќе.
Ако останам да бидам уште една
красна ѕвезда на нејзиното темно небо.
Ако сум преблизу, и јас ќе се заљубам
во својот бол, својот бол, својот бол
и ќе исчезнам во скопските магли.
Ќе исчезнам и нема да се вратам никогаш.
Јас стварно немам потреба да спијам со тебе.
Разговор без смисол.
Разговор без смисол.
Ова е разговор без смисол,
јас стварно, стварно немам потреба
да спијам со тебе.

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

You may also like...