Изборот на храна говори за карактерот и навиките на поединецот како и за начинот на исхрана и поднебјето. Затоа, можеби нечиј избор ќе ве изненади а, нечиј е повеќе од очигледен.
Тривијално, морбидно, небитно? Можеби. Но, сепак за да ја задоволите човековата љубопитност погледнете ги фотографии на последниот оброк на познатите личности.
ЏЕЈМС ДИН
Пита од јаболки и чаша млеко
РАСПУТИН
Црн леб, руска салата, колач со мед и ореви и Madeira вино.
ГЕНЕРАЛОТ ЏОРЏ АРМСТРОНГ КАСТЕР
Печен бафало бифтек, грав во меласа, пченка и домашна кокошка.
САДАМ ХУСЕИН
Варено пиле со ориз и чаша топла вода со мед 
ЛИБЕРАЧИ
Крем од брашно
ЏОН БЕЛУШИ
Чорба со леќа
АЛЕН ГИНСБЕРГ
Рибина чорба
МАХАТМА ГАНДИ
Варен зеленчук, портокал, козјо млеко со ѓумбир, кисели лимони и сок од алоја