Поп Арт е уметност на поп(уларната) култура. Ова визуелно движење се создаде како одговор на повоениот оптимизам и конзумеризам во 1950-тите и 1960-тите. Се совпадна со глобализацијата на поп музиката и културата на младите, персонифицирана преку Елвис и Битлси.
Овој уметнички правец или поточно-движење е брз, младешки и забавен и со презир гледа кон стандардната уметност. Вклучува разни стилови на сликање и вајарство, уметници од различни земји кои сепак имаат многу заеднички работи како мас-медија, масовна продукција и култура.
Терминот ПОП за прв пат го спомнува британскиот критичар на уметност Лоренс Аловеј во 1954, за да опише нов тип на уметност инспириран од приказите на поп(уларната) култура.
Најзначајни претставници на Поп Арт се ROY LICHTENSTEIN, EDUARDO PAOLOZZI, RICHARD HAMILTON, JASPER JOHNS, ANDY WARHOL…
Во новата генерација на поп-арт уметници спаѓа и Grégoire GUILLEMIN.
Еве дел од неговите дела: