Дизајнот на Virgil Exner Sr. од 1960 за Plymouth XNR концептуалниот автомобил се базира на модифицирана шасија на Valiant и доаѓа како одговор на огромната популарност на Corvette од 1950. Автомобилот има чуден лик, што можеби е причината зошто овој модел не се произведува, но, асиметричниот дизајн е за восхит, затоа што овој елемент недостасува кај сите модели на автомобили. Ако имате желба и доволно средства упатете се во август кон Монтереј, Калифорнија каде што ќе се одржи аукција на ова концептуално возило.
Конечно, после толку години и по обемната реставрација во 2011. Plymouth XNR ќе се најде на патиштата, таму каде што секое возило припаѓа. Дали ќе се вртат глави додека оваа убавица крева прашина по асфалтот? Секако. Заради предната решетка, асиметричниот надворешен и внатрешен дизајн (совозачкото седиште е пониско), кожената инструмент-табла, 200 КС, 6-цилиндерски мотор и тестираната брзина од 220 км/ч.
И како што вели Hunter S.Thompson ова необично возило е ”премногу чудно за да постои, премногу ретко за да не постои”. Убавице, среќен пат!