Беше еден од најплатените и најгледани глумци на ТВ и оп! Hugh Laurie got the blues. За волја на вистината, Хју е заинтригиран со блуз од мали нозе но, дури кога го издаде деби албумот Let Them Talk тој ги заинтригира ситe. Дури и насловот е интригантен. Како да вели; Не прашувајте Кој е Хју Лори, оној образуван во Итон и Кембриџ, оној англиски милионер па баш тој да се најде повикан да зборува за блуз, за сиромаштија, за меланхолија?
Еве го повторно со нов албум. Овој пат со Did’t it Rain. Албумот излезе на 6.мај оваа година и секако дека ќе се продаде со милионски тираж. И не само заради името на Хју Лори. Туку заради неговата страст. Страст, што ја пренесе и стана нешто многу повеќе од една обична лудорија на еден богаташ. Вокалот на Лори е приказна сама за себе, малку шушкачка, но неговите изведби на пијано се одлични.
Како и да е, албумот на Лори треба да го слушнете. Заради неговата страст , заради блузот, заради збирот на одлични музичари кои работеа на албумот.
Затоа што Hugh Laurie has got the blues!