Иако наочарите за сонце се моден додаток за цела година, сепак, секоја пролет се најавуваат новите модни трендови. Различниот дизајн, стил и изработка се многу примамливи кога ќе посакате да се подновите со нов пар на наочари, но, треба да внимавате наочарите да ги прилагодите со обликот на лицето.
ОВАЛНО ЛИЦЕ (Должината на лицето е малку поголема од ширината)
Рамките не треба да ја надминуваат ширината на лицето. Препорачливо е стаклата да покријат поголем дел од централната површина на лицето. Со тоа, визуелно се скратува должината.Одберете ”мачкасти”, четвртасти, правоаголнести или наочари со што поголема ширина изработени од материјал како рафинирана пластика.
ОКРУГЛО ЛИЦЕ (Полно лице со меки линии, должината на лицето се скоро исти)
Одберете рамни, геометриски правопропорционални рамки. Најдобро е да одберете стакло во што потемна боја за да се минимизира полноста на лицето. За да не се оптеретува дополнително, тенок метал или транспарентен материјал би биле идеален избор за овој тип на лице.
ЛИЦЕ ВО ОБЛИК НА СРЦЕ (Ширината на челото и образите е поголема од долниот дел)
За вас е најдобро да одберете тенки, лесни материјали на рамки, рамки од проѕирна пластика или метал. Дозволено е ширината на стаклата во долниот дел да биде поголема или дополнително декорирана со што би се дополнила ширина во долниот дел на лицето.
ЛИЦЕ СО КОЦКАСТ ОБЛИК (Широко чело и брада со изразени, дефинирани линии)
При изборот на наочари внимавајте тие да бидат благо заоблени за да се добие мекост на линиите на лицето. Препорачливо е да ги носите што повисоко и да одберете посвежии бои и материјали.
Се надеваме дека ви помогнавме при изборот на модел на наочари. Сега сте спремни да уживате во сонцето…во сенка 🙂