Skip to main content

Здраво читателу!

Добредојде во презентацијата на најчитаните статии во македонските портали.

 

32305_4498573300362_208673934_a

32305_4498573300362_208673934_a

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Разгледај, спореди, препознај се, засрами се, запрашај се. Изборот е твој. Впрочем, како и изборот на тоа што го читаш по интернет медиумите. Порталите, сајтовите или блоговите пренесуваат порака или информација, едуцираат или провоцираат. Сопствениците на овие медиуми имаат една цел, зголемување на профитот преку пласирање на реклами (директно или индиректно) врз основа на посетеноста или виралноста на содржината. Читателот т.е. ТИ, си тој што одредува што ќе чита или проследува (share). Дали ова навистина е тоа што тебе ти се допаѓа? Затоа што го гледаме на твојот Фејсбук ѕид, го читаме преку твоите пораки на Твитер, ревносно забележано од мерачите за посетеност на сајтовите. Дали македонсата читателска публика досега немаше можност да се сретне со статии со вакви содржини, дали тие содржини се табу тема, дали сме ние сите неизживеани и преслободно ги користиме сите информации во статиите, некогаш и слепо верувајќи во нив? Овој тип на статии (”Секоја сперма не е иста”, ”Мажите буквално не можат да го преживеат женскиот оргазам”, ”Што да јадете за подобар мирис и вкус на вагината?” итн) се познати како brain dead. Одбивам да помислам дека мојот читател и воопшто Македонецот е реално прикажан како конзумер на вакви содржини Но сепак, тие се тука, секојдневно ги гледаме. Прашање од типот ”Што е постаро јајцето или кокошката?” е Дали медиумите презентираат содржини кои ние ги бараме или пак ние навистина читаме brain dead статии, па медиумите ни го овозможуваат тоа? Нема да невлегувам во расправија за вкусовите, но овие листи се до таа мера вознемирувачки што вкусот не е ни во прашање. За крај еве и една споредбена листа за тоа што се чита кај нас, во соседството и пошироко.

522268_4498574060381_1498573727_n

 

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...