Надреалната Фрида Кало, Бомба со панделка

Frida Kahlo de Rivera (6.7.1907–13.7.1954, Magdalena Carmen Frieda Kahlo y Calderón), Мексиканска сликарка, родена во Којакан. Најпозната е по своите автопортрети, по своите слики исполнети со ”болка и страст” и живите бои.

Многумина ја опишаа Фрида како: ”…една од најголемите диви на историјата, пијачката на текили, пушачка која кажува ”мрсни” вицови, би-сексуалка со фустани со домородни мотиви, жена-боем која приредува раскошни вечерни забави во својот дом за Леон Троцки, Пабло Неруда, Нелсон Рокфелер и нејзината љубов-со-прекини муралистот Диего Ривера.”

Фрида во својот животен век создаде преку 200 слики, цртежи, нацрти, сите поврзани со лични животни искуства, физичка и емоционална болка и турбулентната љубовна врска со Диего. 55 од сликите се автопортрети. Кога ја прашале зошто толку многу, одговорила – Затоа што сум често сама…зошто јас сум субјектот кого најдобро го познавам. Велеше и дека е родена ”кучка”, родена да биде сликар. Нејзиниот живот е приказна со многу болка и несреќи, физички хендикеп и емоционални лузни. Остави аманет нејзиното тело после смртта да биде кремирано –Запалете го..Не закам да бидам закопана. Премногу време поминав лежејќи..Само запалете го.

Денес, повеќе од половина век од нејзината смрт, нејзините слики се најплатени, повеќе од било чии слики на некоја сликарка. Трагата на женското писмо е втисната во секој потег на незјзината четка. Традицијата и животните радости и болка…Се е тоа Фрида.

Нејзиното наследство е непроценливо, историско и уметничко…вечно.

k1

k09

k7

k4

k2

k3456

k988

k967

k889

k772

k663

k553

k442

k125

k123

k96

k89

k78

k67

k66

k63

k056

k55

k54

k52

k44

k43

k42

k34

k33

k16

k13

k12

k11

k9

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

You may also like...