Музика: Преработки попознати од оригиналите

Времето покажа дека не секој музички хит е оригинално дело на изведувачот. Песната I Will Always Love You стана популарна дури откако неа ја отпеа, покојната, Витни Хјустон. Баладата стана хит, но малкумина знаат дека песната е оригинално дело на блондинката Доли Партон.

Ова е само еден пример на преработка на песна која станала попопуларна од оригиналот. Подготвивме листа на такви песни. Некои од нив навистина ќе ве изненадат.

1. “Nothing Compares 2 U” Sinead O’Connor (оригинал Prince/The Family)

Прекрасната песна која ја испеа О’Конор е напишана од творецот на Purple Rain, Prince за еден од неговите проекти, The Family. Сепак, солзите на пеачката допреа до публиката и песната стана хит.

2. “All Along the Watchtower” Jimi Hendrix (оригинал Bob Dylan)

Да, овој хит со моќна гитара во 1967. го напиша и го изведе Боб Дилан. Хендрикс е ”оној” што ни паѓа на ум, кога ја слушаме песната.

 3.”I Love Rock ‘n’ Roll” Joan Jett (оригинал by Arrows)

Три години откако ги видела Ероус во едно ТВ шоу, Joan Jett ја снима песната со Стив Џонс и Пол Кук од Секс Пистолс. Песната е на 89то место на листата 100 Најдобри Песни за Гитара на списанието Ролинг Стоун.

4. “Hound Dog” Elvis (оригинал Big Mama Thorton)

Колковите на Елвис Присли и врисоците на публиката ја направија песната светски хит. Песната е од Биг Мама Торнтон (знае некој?) од 1952 год.

5. “Downtown Train” Rod Stewart (оригинал by Tom Waits)

Песната е доста поразлична од онаа на Том Вејтс од 1985та. Како и да е, Род Стјуард беше тој што ја донесе на 3то место на Листата Топ 100.

6. “Cocaine” Eric Clapton (оригинал JJ Cale)

Во 1976та год. песната беше снимена. Десет години подоцна, 1977ма г-динот Клептон направи преработка, хит и историја.

7. “Hallelujah” на Jeff Buckley (оригинал Leonard Cohen)

Ах! Песната што трогнува. Џеф Бакли ја направи хит. Големиот Леонард Коен е оригиналниот автор. Секоја чест за двајцата.

8. “I Fought The Law” The Clash (оригинал The Crickets)

Накратко: Песната е напишана во 1958ма год, Боби Фулер ја преработи во 1964та. Клеш ја направија хит дури во 1979та.

9. “I’ve Got You Under My Skin” Frank Sinatra (оригинал Virginea Bruce)

Песната на сите заљубени. Синоокиот заводник Синатра. Така си ја препознаваме песната. Но, сепак, Боб Кол е авторот, а нумерата  на Брус е изведувана на MGM Мјузиклот  Born to Dance.

10. “Respect” Aretha Franklin (оригинал Otis Redding)

R&B дивата Арета Френклин влезе во историјата на музиката со оваа песна, инаку, напишана од Отис Рединг во 1965 год.

Почит за сите. Автори, Изведувачи, Хит-мејкери. Ова е само мал од познатите музички хитови кои денес ги паметиме и ги потпевнуваме но, кои сепак се преработки. А ете, до денес можеби и не сте го знаеле тоа. Се изненадивте? Не е важно, уживајте. Музиката е токму за тоа.

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

You may also like...