1.Ноември. Време е. Илјадници мажи ќе се избричат и потоа цел месец т.е. во следните 30 дена ќе ги растат мустаќите.
Зошто? Оригиналната идеја беше да се мотивираат мажите да пуштаат мустаќи како моден детал. Потоа во 2004 година Фондацијата Movember (Моември) започна со хуманитарни акции во Австралија и Нов Зеланд за подигање на свесноста за болестите како ракот на специфичните органи кај мажите. Веќе во 2007 пораката стаса до Велика Британија, САД и пошироко и со тоа оваа кампања стана најпрепознатлива во календарот на добротворни настани.
Минатата година се собраа преку 120 милиони евра со кои се помогнаа многу хуманитарни здруженија за испитување и лекување на ракот на тестиси и простата.
Со чинот на пуштање на мустаќите но, и со донирање на средства и директна помош, мажите ја даваат својата поддршка за естетиката и најбитно, за здравјето на машката популација. Дали сте и вие еден од нив?
Да ве потсетиме на некои од најпознатите ”мустаќлии”: