Ако држите диета ова би била идеалната големина на оброкот 🙂
А, ако сте љубители на уметност тогаш задоволството е двојно!
Минијатурите на храна се изработени од пластелин (за жал не може да се јадат) во размер 1:12. Потребна е вистинска умешност и трпение за да се изработат овие мали уметнички дела со неверојатни детали. Секоја чест за Студиото Fairchildart. Толку се убави што мамат да ги изедеш но, во случајот важи онаа: Очи полни, раце(стомаци) празни…буквално! 🙂