Опуштено во лето…ДА! Но, сепак ако се работи за некоја свеченост обидете се да направите некоја модерна фризура. Актуелен за ова лето е трендот на собрана коса. Неколку варијанти, од строго до лабаво, инспирации од истокот или пак од 60-тите.

Неуредна но, само навидум!
Косата исплетете ја во неколку тенки плетенки и прицврстете ги на тилот со шнолички.

Модерна ”кошница за пчели од 60-тите”
Натапираната коса кренете ја високо и прицврстете ја на една страна.
Шишките исфенирајте ги и тргнете ги зад уво.

Истокот како инспирација.
Исфенираната коса соберете ја на темето.
Поделете ја на неколку прамени и сите прицврстете ги во неправилна форма.