Летен маникир? Да, со контраст
Летото е вистинско време за свежи и јаки бои. Но, не кога се работи за ноктите.
Оваа сезона се е во знакот на контрастите. Ноктите се или бледи или многу темни. Декорирањето е збогатено со по некој металик ефект а, за разлика од секогаш-актуелниот француски маникир, ова лето актуелен е француски маникир со акцентирани декорирани врвови на ноктите.
1. БЛЕДО: Нежни пастелни тонови на кајсија или комплетно отсуство на боја. Чисто и елегантно.
2. ТЕМНО: Боја да, само ако е темна. Од темно сина, темно црвена до целосно црна.
3. МЕТАЛИК: Повторно контраст! Линии или цветни дезени, декорацијата е со висок сјај.
4. ВРВ: Францускиот маникир во ново руво. ”Капки” или ”Зраци”, на бледа или многу темна основа