Лукот (Allium sativum) има за некои лица премногу јак мирис, но и покрај тоа лукот уште од многу одамна се користел како здрава храна, но и како лек.
Уште Луј Пастер ги забележал антибактериски својства и бил применуван како природен лек против инфекциите, многу пред пронаоѓањето на антибиотиците.
Лукот е едногодишна зељаста билка. Расте до височина од 1 метар. Телото е обло, а листовите остри и зелени. Цветот е збир од луковичасти папки со мали белузлави цветови.
За лек се користи луковицата.
Од хемиски состав лукот содржи фитонциди,кристална материја алиин која под дејство на ензими ствара алицин кој пак има јако антибактериско дејство. Исто така содржи триглицериди,етерично масло,витамин Ц и многу други микро елементи.
Лукот е антисептик и антибиотик . Се употребува за лечење на цревни болести, грчеви во цревата , ги шири крвните садови со што го намалува притисокот, го намалува холестеролот во крвта.И на крај е еден од најделотворните природни лекови против грип.
Начин на употреба: Просечна доза за употреба на суров лук е 4грама. Исто така од него се прави и тинктура, на тој начин што 40грама насецкан лук се преливаат со 100 милилитри 70% алкохол и се остава да отстои 10 дена. Од оваа тинктура се користат 10-20 капки дневно. Исто така се приготвува и масло, се потопуваат чешнината во врела вода ,потоа се сушат и се потопуваат во масло за јадење. Од ова масло може да се зема по неколку лажици дневно или да се користи во салати.