Коприва (Urtica dioica) е една од најкорисните лековити билки. Расте до височина од 150 сантиметри . Листовите имаат срцевидна формасе и покриени со влакненца, на листовите има жарници кои испуштаат сок кој ја иритира кожата. Копривиаа цвета од пролет до есен.
Копривата расте како плевел по стрништа и влажни места во цела Европа, Азија, Африка и Северна Америка. Од копривата се употребува буквално цела билка. Коренот се собира во пролет и есен, врвовите и листовите во пролет, семето во есен.
Хемискиот состав на копривата содржи калциум, железо, фосфор, витамини Ц,А,Б2,К, каротин, пантотенска киселина и многу други корисни соединенија.
Како главна лековита карактеристика на копривата се наведува прочистувањето на крвта и нејзино појачување. Копривата поволно делува на намалување на нивото на шеќер во крвта. Со копривата исто така се лечат и болести на уринарните патишта. Се препорачува за пролетно чистење на цревата, чистење на црниот дроб и жолчката. Големата количина на железо и витамини помага при анемија, слабокрвност. При алергии се препорачува подолготрајна употреба на коприва.
Начина на употреба
ЧАЈ – 1 полна мала лажица се полева со 250 милилитри врела вода и се остава кратко да отстои по што се процедува.
КУПКА – Полн грст добро испрани корени и стебла со листови од свежа коприва се преливаат со 5 литри ладна вода и се оставаат 8-12 часа да отстојат , после ова, оваа вода се загрева се до точка на вриење . Во ова вода се мијат нозете. Листовите од коприва цело време остануваат во водата. Оваа купка може да се употреби уште 2-3 пати. Исто така се прави и купка за миење коса, која се подготвува на тој начин што 4-5 грста свежа коприва се полеваат со 5 литри вода и се зовриваат. Оваа купка отстојува 10 минути и се користи за плакнење на косата.
ТИНКТУРА – Корењата убаво измиени ситно се сецкаат и ставаат во шише до врвот, потоа се залева со бела ракија со 40% алкохол и се остава 14 дена на топло место да отстои.
Бидете внимателни кога допирате коприва, затоа што жарниците во листовите може да предизвикаат бурна реакција на кожата во вид на жежење, чешање или пецкање. Во тој случај ”изгореното” место убаво измијте го со чиста вода и ставете облога од млака вода за да се смири иритацијата.
Тврдењето дека ”Гром во коприва не удира” е најверојатно заради фактот што гром не удира на ниски места а, сепак копривата не расте високо, ама пак кој за време на невреме би се криел во коприва за да се ожеже? 🙂