Skip to main content

Кантарионот  (Hypericum perforatum) е повеќегодишна билка која расте од 15 до 60 сантиметри. Ливчињата се мали и овални, на врвотите растението има повеќе златно-жолти цветчиња. Кантарионот цвета од јуни до август.

Расте насекаде по полињата, на стрништата, на ивиците од шумите.

Hypericum perforatum

Од кантарионот се употребуваат цветовите, листовите и стеблото.

Од хемискиот состав  во кантарионот има танини, флавоноиди, етеричноо масло, смоли, сапонини, каротин, витамин Ц, никотинска киселина, холин, алкалоиди и друго.

Од дамнина кантарионот е познат по неговата употреба за ублажување на нервни тешкотии, нервози, несоници, депресии, хистерии. Се користи при лечење на рани, свежи повреди, крварења, потечени жлезди, како и средство за рапава и испукана кожа. Исто така маслото од кантарион се употребува за опекотини од сонце.

230_Hypericum_perforatum

Чај од кантарион: една мала лажичка на 1/4 литар вода.

Масло од кантарион: Во тегла или шише, до врвот се полни со цветови од кантарион и се залева со квалитетно маслиново масло. Шишето се затвора и се остава неколку недели на сонце и топло место да отстои. После некое време маслото поруменува, т.е станува црвено, тогаш маслото е готово, и се цеди. Се чува на темно место.

Тинктура од кантарион: Во литар ракија (алкохол) се ставаат два грста цветови и шишето се остава 3 недели на сончево и топло место.

Купка: Во кофа се става кантарион и се залива со ладна вода. Се остава преку ноќ. Пред капење се се загрева до вриење и се додава во водата за бањање.

 

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...