Добро, можеби не засекогаш, но, овие неколку основни парчиња облека ќе ви траат сигурно неколку сезони и се одлична инвестиција за вашиот гардеробер.
1. МАНТИЛ
Оваа стилска икона е задолжителен елемент во гардеробата. Освежен со кожени детали одлично ќе се вклопи во многу стилови – од секојдневни прошетки до вечерни излегувања.
2. ”ТОТЕ” ЧАНТА
Суптилни златни детали на неформална чанта! Урбано, шик и класика…сè во едно!
3. БЕЖ ЧЕВЛИ
За да ги усогласите сите бои на есенската гардероба одлично решение се овие беж чевли на штикла.
4. ПАЛТО
Волненото палто со интересен набран околувратник е неверојатно удобно и стилско парче облека.
5. КОЖЕНА ЈАКНА
Ако го одберете овој модел на јакна, можеби навистина никогаш нема да има потреба да купите уште една!
6. БЕЛА КОШУЛА
За да не бидете досадни во класична бела кошула, одберете модел со скриени копчиња и дискретен вез.
7. ТЕСНА СУКЊА
Геометриските шари на оваа класична тесна сукња е она што ја прави невообичаена и уникатна. И смела!
8. ЏЕМПЕР ОД КАШМИР
Не е важно дали престојувате во ладни услови или не, овој џемпер ќе ви биде добредојден секаде. Одберете модел во две бои , наместо стандардите еднобојни модели.