Куќа со мирис на море и лимони
Во Тарагона, Шпанија, покрај морскиот брег, во овоштарникот со миризливи лимони се издига прекрасна бела куќа.
Со правилниот, геометриски дизајн како да си играл самиот Пикасо. Обезбеден е простор за непречено струење на морскиот ветер и наплив на сончева светлина.
За да се избегне честото поплавување, кое е неминовно во овие предели, архитектите ја проектирале куќата на платформа на висина од 70 см над тлото.
Иако делува по малку футуристички, куќата е неверојатно удобна, пространа и идеална за одмор. Белината пак одлично е вклопена во морскиот амбиент. Функционалноста на белата боја е и во тоа што овозможува природно ладење во жешките денови.
Ова е уште еден пример, како современиот дизајн се снаоѓа во традиционална околина- Белата куќа со мирис на море и лимони.