Планирате летување, патување летово? Ќе ви треба куфер. Ќе треба убаво да се спакувате, безбедно да патувате и брзо да стасате.
Е, па, ако не сте ”јунак” воопшто немојте ни да се обидете да ставите вакви налепници на вашиот куфер. Зошто? Па, претпоставуваме дека повикот ”Куферот на преглед, молам!” ќе го слушате често а, цариниците и останатите патници нема баш да се воодушеват од оваа идеа.
Добра работа со овие налепници е што секогаш ќе можете да си го најдете својот куфер меѓу сите останати во купот 🙂