Skip to main content

Неговото Величесто и копнежот на секоја пиперка – АЈВАРОТ! Е, па време му е…

1.Психолошка подготовка

Прво и основно при правењето на ајварот е психолошката подготовка, што опфаќа одредување на датум (кој нели треба да е некој празник т.е неработен ден ) и утврдување на потребните количини за престојната зима (ова варира во зависност од тоа дали има членови на фамилијата кои работат или студираат надвор од местото на живеење)

 

2.Купување на пиперки (во народот попознати како чушки)

Најважното при ова е одлуката дали да се купат пиперки во вреќа кои се поевтини или пиперките да се бираат една по една. Првата опција знае да биде многу ризична, поради фактот дека “клетите струмичани” внатре во вреќата може да подметнат пиперки со послаб квалитет или не дај боже, камења! Покрај ова нели потребни се и модри патлиџани и зејтин.

C2CE97077DEF3B418DCC86B6597BFC5B

3.Печење на пиперките

Пиперките нели, за најдобар квалитет се печат на ЌУМБЕ на дрва, со претходно извадени семки. Треба да напоменеме дека при ова печење од пиперките истекува вода со што значително се намалува животниот век на ќумбето. Така да, доколку сакате вашето ќумбе да трае повеќе сезони, пиперките печете ги со семе.

219-300x200

4.Лупење на пиперките

Исклучиво женска операција, при која се отстрануваат семето и лушпите (шлупките) на пиперките. Ова е одлична можност за размена на информации за и околу некои комшики (нели, процесот на лупење да мине побрзо). Доколку има присутен маж при ова операција тоа претставува одлична можност за наоѓање изговор доколку има аномалии крајниот производ (семка или лушпа во ајварот)

 

5.Мелење на пиперките

Процес кој бара машка рака.Овде исто така важно е да напоменеме дека, индустријализација донела огромен чекор напред во правењето на ајвар, еве погледнете.

 

melenje-na-piperka-i-modar-patlidzan

maskainovativnost

 

6.Пржење на ајварот

Оваа операција ја истакнува вештината на мешање на ајварот (кој не смее да загори) . 

merakliski-ajvar-vikend

Но, и овде можни се најнови технички решенија кои значително ја олеснуваат работата.

obrabotena_1.1024x768

Пржењето на ајварот го истакнува карактерот на домаќините. Имено, некои “постиснати” ајварот го пржат пократко и со помалку зејтин, се со цел да излезе што поголема количина. Треба да напоменеме дека овој тип на ајвар е со послаб квалитет.

На крај, преостанува собирањето на ајварот во тегла за зимоска, делењето по чинивче ајвар на помагачите “за проба” и ”бришење” на шерпата со топол леб.

И сосема на крај! Некој ајварот го нарекуваат кавијар…Цената на светскиот пазар , тоа и те како го потврдува!

 

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...