Skip to main content

Франц Кафка (3.7.1983 Прага-3.6.1924 Виена) е еден од водечките писатели на 20-иот век. Најголемиот дел од неговите дела се објавени постхумно. Неговото уникатно дело продолжува да ги предизвикува критичарите и обидите за негова класификација генерално завршуваат без успех.Во неговите најпознати дела, романите Процес и Замок, како и новелата Преобразба, Кафка говори на теми како корупцијата на бирократите, алиенацијата и немоќта на поединецот да влијае врз општествените случувања.

Во постхумното наследство на Кафка се наоѓаат осум сини мали бележници, сите исполнети со литературни, извадоци, афоризми…

Записите датираат од крајот на 1917. до јуни 1919. Макс Брод, неговиот пријател и биограф, не ги вклучил во изданието Дневниците на Кафка бидејќи не биле дневнички документирани. Објавени се во делови во текот на 1953.

Gustav Klimt - Бакнеж

Gustav Klimt – Бакнеж

ДА НЕ ЈА БЕВ СРЕТНАЛ

Ја сакам и не можам со неа да разговарам, ја следам да не ја сретнам.

Сакав девојка која ме сакаше, ама морав да ја оставам.

Зошто?

Не знам. Беше тоа како да е опколена со водници со копја вперени кон мене. Кога ќе се приближев ќе налетав на шилци, ранет ќе морав да се оттргнам. Страдав многу.

Дали девојката беше бар малку виновна?

Не верувам. Сигурен сум дека не. Споредбата од пред малку не е потполна, зошто и јас бев опколен со водници со копја вперени навнатре, кон мене. Кога ќе и се доближев, налетував најпрво на копјата на своите водници и моето напредување ќе запреше. Можеби не стасав до копјата на девојката, па и да стасав, ќе бев без свест и крвав од сопствените копја.

Дали девојката остана сама?

Не, некој друг продре до неа, лесно, без пречки. Исцрпен од сопствените напори, гледав рамнодушно како да сум воздух низ кој нивните лица налегнале едно кон друго во првиот бакнеж.

Франц Кафка
од Сините осмински бележници

 

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...