Skip to main content

String Forces е македонска музичка група формирана во 1995 година во Скопје. Оттогаш имаат издадено два албумa, една музика за ТВ-филм и голем број настапи по Македонија и Балканот.

Составот кој што работи денес: Александра Мангаровска-Милиќевиќ – вокал и флејта, Александар Стојанов – вокал и гитара, Алфрида Тозиева – виола, Дориан Јовановиќ – бас гитара, стик, ут, и електроника, Благојче Пенов – тапани.

Песната „Каде бегаш“ е од вториот албум, „Изохронија“, со кој групата го започнува процесот на транслација на традиционалната урбана Македонска музика во модерни рамки.

 

Каде бегаш – String foces

Гледаме небиднини и вистини.

Слушаме невистини и причини.

Ќе сме летале, ај и јас, ај и јас.

Зборуваме, но сами не се слушаме

Тишината во сонот ќе не прекрие

Ќе сме молчеле, ај и јас, ај и јас.

Огништето не ти згрешило.

Каде бегаш, нели гледаш, јас и ти во тој свет не припаѓаме.

Како ќе сме ние чисти, капка роса таму труло се кај што е.

Посакуваме акција, случување.

Нудиме дразба, надмудрување.

Ќе се спасиме, ај и јас, ај и јас.

Предците од нас не се откажуваат.

Туѓи бајки не не залажуваат.

Ќе останеме, ај и јас, ај и јас.

Огништето не ти згрешило.

Каде бегаш, нели гледаш, јас и ти во тој свет не припаѓаме.

Како ќе сме ние чисти, капка роса таму труло се кај што е.

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...