Адам и Ева. Се шетаат низ Еденската Градина. Таа му нуди јаболко, тој загризува. Додуше и змијата има голем уддел во приказната. Се видоа голи, станаа свесни. Господ ги протера заради непослушност. Толку од рајот! Го изгубивме заради едно јаболко!
Златното јаболко, за најубавата. Како што обично бива настанува раздор помеѓу боговите. Караницата прераснува во повеќегодишна војна за најубавиот од сите градови, Троја. А, најубава која е? Па, Елена, таа по која тргнале илјадници бродови.
Снежана и седумте џуџиња. И лошата кралица. Маќеата. Наивната Снежана го загризува отровното јаболко и умира? Или спие? Како и да е, доаѓа принцот, ја бакнува, таа се буди и живеат среќно заедно. За џуџињата не знаеме што правеле, веројатно копале дијаманти во рудникот.
Авалон. Името го добива по многубројните насади на јаболки. Митскиот остров на Морган ле Феј. Престолот на Крал Артур. Можеби и Артур бил мераклија на јаболки па си го сецкал јаболкото со волшебниот меч?
Гравитација. Дремејќи под јаболкницата Исак Њутн се разбудил со џумка на глава. Зошто? Па му паднало јаболкото. Да немаше гравитација ќе одлеташе. Ќе требаше на некој друг да му текне за ова.
Логото на Apple. И покрај сите муабети кои во оптек (отруен математичар, питата од јаболки на бабата на Стив Џобс итн) сепак логото е идеја на графичкиот дизајнер Роб Џаноф. Одгриз на јаболкото на логото има само за да се разликува овошката од цреша.
А еве како се јаболкото ги инспирира луѓето да направат илустрации и да си го украсат својот iPad.