Ако не го постираш на Инстраграм она што го јадеш, зошто ти служи тогаш? Ете, до таму дојде работата. Инстаграм е преплавен од фотографии на храна и пијалоци во најразлични варијанти, состојби и филтри. Ама на Инстраграм има и едно типче (@talkingfood) што постира храна што зборува. Добро, не зборува буквално, туку фигуративно. Типот користи фотки од најобични прехранбени производи и им додава зборови или поточно популарни фрази кои се користат во денешната поп-култура. Така од Shit’s about to hit the fan, Take me away и To be or not to be излегува ова: Имате вие некоја ваква? Инстаграмирана храна што ”зборува” 🙂