Храна во исчезнување
by Ginka Ristova · 29/04/2013
Климатските промени, ненавремената адаптацијата на земјоделците на надворешните температури, порастот и нерамномерната распределеност на светската популација, загадувањето и што уште не….За неколку децении ќе останеме без основните прехранбени производи и слатки задоволства кои ги уживаме денес.
Листата на овие производи е огромна. Сепак, доволни се и овие 6 за да ве подзамислат, нели?

ЧОКОЛАДА
Ова слатко задоволство наскоро ќе стане луксуз, ако фармерите во Гана и Брегот на Слоновата Коска не се прилагодат на температурите кои се во пораст. Имено таму се одгедува најголем процент на какао во светски рамки.
КАФЕ
Кафељупците нека поуживаат уште малку во кофеинот кој го внесуваат преку овој напиток. Климатските промени влијаат на синџирот на набавка на зрната кафе Арабика.
ПИВО
Климатските промени се виновнкот за падот на производството на пиво во Германија, како најголем светски производител. За да се одгледува јачмен и хмељ потребни се големи количества вода а, пченката како евтина алтернатива не може да се употреби бидејќи со тоа би се нарушиле строгите правила за производството на пиво.
ИТАЛИЈАНСКИ ТЕСТЕНИНИ
Италија ја очекуваат тешки години. Заради потешкотиите во домашното одгледување на дурум пченица , Италија ќе мора да ја увезува оваа основна состојка за производство на тестенини. Црните прогнози одат до таму да жетвата на пченица ќе исчезне до крајот на овој век.
МЕД
Пчелната популација полека но, сигурно исчезнува. Влажните зими и дождливите лета не им дозволуваат на пчелите непречено да ја извршуваат својата ”задача”. Многу пчелни семејства изгладнуваат и подложни се на болести. Но, ова не значи дека само производството на мед ќе опадне. Пчелите ги опрашуваат насадите. Кога ќе исчезнат пчелите многу насади исто така ќе исчезнат.
ВИНО
Променливата клима влијае на виновите насади во Франција. Вкусот на виното се базира на соодносот на шеќерноста и киселоста на гроздовите, како и на температурата при раст и зреење. Грозјето кое расте на ладно не може да развие овошен вкус туку ќе биде кисело. Превисоките температури пак му даваат тежок вкус на виното заради зголемената концентрација на шеќер.