Grumpy Cat, Интернет сензацијата сега и на филм…прррр!

ОК, знаеме дека Холивуд е фабриката за создавање на соништата.
ОК, знаеме дека мачките полека, но сигурно го освојуваат светот

Но, ретко кој очекуваше дека Grumpy Cat, интернет сензацијата која прв пат се појави на интернет (Reddit) на 22.септември 2012 ќе биде главниот лик по кој ќе се снима нов филм, семејна комедија, тематски сличен на оние филмови со мрзливиот мачор Гарфилд.

Оваа вечно намрштена мачка, намќор со педигре (иако не знаеме од каква сорта е, и воопшто не наликува на своите мама и тато, а и не е фотошопирана оти, нели ни пуштија видео од неа, значи стварно постои) ќе биде главната глумица во новиот филм во продукција на New Line, по сценарио на Mark Steilen. Гласот, да, оваа мачка во филмот ќе зборува, ќе и го позајми или Will Ferrell или Jack Black (сеуште не се знае кој).

Така, откако ја освои титулата Meme of the Year 2013 на Webby Awards, после скоро милион фанови на  Facebook, после 20 милиона прегледи на YouTube, фамозната Grumpy Cat го освојува Холивуд или поточно Tardar Sauce (името кое ќе го има во филмот) ќе го ”освојува” големото платно. Со што друго ако не со намќорлук!

И сега, откако разбравте за се ова, ќе го гледате филмот или не? Наше мислење е дека малку претераа…хехе

А, ако сеуште не ви текнува за кого зборуваме (што се сомневаме) или пак ако сте еден од оние ”среќници” кои досега немале можност да ја запознаат Grumpy Cat, еве, одбравме за вас неколку мемиња*

Page23

* Знаеме дека meme, се чита миим, ама ќе не разбереше ли некој? 😉

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

You may also like...