Skip to main content

А, што е Гетсби ако не фраериште-и-пол!
Филмот е хит! Можеби досега веќе го гледавте, а можеби се спремате. Со премиерата на филмот , сите почнаа да зборуват за 20-тите години на Фицџералд, за ноншалантниот заводник Гетсби, но и за стилот на спортска елеганција и беспрекорнитете вечерни одела од тоа време.

После толку трендови на спуштени пантолони, изгужвани кошули, маици со распарани рабови, груби кожени детали и што уште не, Гетсби-стилот е вистинско освежување.
И мажи, девојките обожуваат скоцкани фраери! Ама, тоа веќе го знаевте, нели? Знаеме дека сакате набрзина да се облечете и да излезете од дома, без многу фрка и замарање затоа еве ви предлог како со неколку парчиња гардероба и вие да бидете Гетсби-фраер.

GG_Blazers

Можеби не сакате да носите сакоа и но, спорските  палта се сосем нешто друго. Сигурна варијанта се еднобојните блејзери во пастелни бои но, ако сте посмели тогаш пругастите се вистински избор за вас. Внимавајте, доволно е да облечете чиста бела маица или спортска бела кошула. Не претерувајте со боите. Акцентот е на палтото, затоа…бело одоздола.

GG_Trousers_Shirts

Почнавме од потешкиот дел, затоа еве за основата. Пантолони. И тука смелост се бара. Јаки бои како темно црвена или кафеава. Стилот е лежерен но, спастрен 🙂

Кошулите? Е тука нема компромис! Елеганција, елеганција. Пастелно розово и кошули со пруги, или тесни или широки, никако двете. А, ако сакате нешто екстра, тогаш послужете се со трегери или ”лептир-машна”.

GG_Ties_Braces

Ако пак не одбравте да носите трегери тогаш одберете убаво изработен кожен каиш. Накривете го сламениот шешир со краток обод и задолжителна лента и Go Getsby! 🙂

GG_Accs

И на крај ама не помалку важни-обувки. Чевли де! И тука бои. Бели, внимавајте не секој може да носи бели обувки, сигурна црна, ама со врвки во боја која одговара на пантолоните или најдобро на кошулата и смела црвена. Чевлите се по малку груби, задолжително кожени со шавови со дупчиња. Баш вакви:

GG_Shoes

Момци, вака дотерани ќе бидете мелем за женски погледи. А, ако е според Гетсби и нешто повеќе 🙂

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...