И нас нè зафати вистинска Гетсби-манија. По премиерата на филмот на почетокот на месецот, сите како да дишеме во стилот на 20тите. Музиката, сјајот но, најмногу костимите.
Главната хероина на Фицџералд, Дејзи Бјукенан, и денес е муза на дизајнерите. Некогаш тоа беше Миа Фароу, денес е Кери Малиган. Можете и вие да го следите трендот, на еден поинаков, свеж и модерен начин. Сепак сме во 21виот век. Трендот на 20тите подразбира спуштена половина на фустаните, ресички, пердувчиња, каивчиња на тенките половини, светликави материјали, удобни обувки и неодоливи модни додатоци како накит, ташни и марами.
И немојте да ја копирате Дејзи баш во се – Цигарата заборавете ја 🙂