Вистинска Гетсби-манија владее по премиерата на филмот на Баз Лурман.
А како и нема? Модата на 20тите се враќа во висок стил. Многу висок. Раскош и гламур. Бисери и дијаманти. И фустани….ах, прекрасните фустани на Прада. Женственост во пастелни бои. Свила, сатен, пердуви, чипка, нежно, но толку заводливо.
А накитот? Веќе не зборуваме за модни додатоци, во прашање се прекрасните дијаманти на Тифани, ниските бисери и филигрантската изработка на белегзиите, тијарите, брошовите.
Кери Малиган, Дејзи од нашето време, е навистина неодолива и во филмот, но и во фотосесијата за Вог.