Фаца или тиква?
Американците си се забавуваа на Halloween (Ноќ на вештерките): облекуваа костими, ги украсуваа домовите со украси во форма на скелети, духови и вештерки, гледаа хорор филмови, се плашеа еден со друг а, децата одеа по куќите и собираа бонбони и чоколади.
Главна активност за овој празник е декорацијата на тикви. Креативни и интересни издлабени тикви може да се видат насекаде. И таман кога мислите дека сте виделе сè и сешто, тогаш ќе се појави некој уметник и границата на креативност ќе ја качи на уште повисоко ниво.
Реј Вилафанте е експерт за скулптури од песок а, специјалност му се резбите во тиква. Анимираните експресии на лицата како да извираат од тиквите. Делуваат многу реалистично и просто е неверојатна помислата дека ова се само тикви!
БУХАХА!!!