Рекламната кампања ”Европа, На следната врата” за промоција на француската железница SNCF, ги ”носи” патниците на разни дестинации низ Европа.
Врати обоени во весели бои со написи на дестинации се поставени на неколку места низ Париз. Многу можности, многу избор. Сè што треба да направат ”патниците” е да ја отворат вратата!
А, таму? Она што се случува во моментот во различни градови и места. Додека се во Париз може да го гледаат перформансот на мимичарот во Милано, локалниот уметник во Брисел да им нацрта портрет или да заиграат hip-hop заедно со танчерите во Барселона.
Овој интерактивен начин на промовирање на услуга е истовремено и можност за воспоставување на мулти-културни врски помеѓу жителите на континентот.
Сепак, Европа е на следниот чекор т.е. врата!