Есен. Ладно утро, топло пладне. И ете, проблем, што да се облече. Наједноставното решение е комбинација на неколку парчиња гардероба…во слоеви.
За нови идеи или пак за да не згрешите при изведбата на овој стил еве 5 предлози:
1.) Тенко џемперче и кошула
Ако се двоумите дали ќе вби биде доволно топло, облечете само тенко џемперче врз кошулата. Кошулата може да биде целосно закопчана и слободно ставете некое соодветно ланче (како на фотографијата горе). Или пак, носете ја кошулата раскопчана во комбинација со широки фармерки и рамни спортски обувки. Одлична е комбинацијата на кошула и тенок џемпер со кратко здолниште и високи (над колена) чорапи.
2.) Никаде без палто
Омилената летна комбинација може да ја носите и во рана есен. Само облечете палто! Бидете креативни (и смели) и измешајте ги дезените на различните делови на облека.
3.) Блуза врз фустан
Идеален ”транзициски ”комплет! Врз лесен фустан носете мека блуза. Ќе ви биде топло наутро, а во текот на денот (кага ќе затопли) соблечете ја блузата и префрлете ја преку рамениците. Ова е една варијација на комбинацјата од кошула и џемпер но, со поголема доза на шик!
4.) Обратни слоеви
За забава, пробајте да ги носите слоевите облека по обратен редослед – од најдолго кон најкратко. Парчињата нека бидат еднобојни и добро стилски искомбинирани меѓу себе, за да не се добие впечаток на немарност. Задржете се на слоевито облекување само на горниот дел од телото и одберете тесни фармерки за да го комплетирате овој изглед.