Електричен Велосипед by @5arstefanov

Затоа што е наш, затоа што е твитерџија, затоа што е надежен ….го прашавме @5arstefanov

 Здраво Петар, те молам представи ни се.

Здраво, јас сум Петар Стефанов, апсолвент на Електротехника–Енергетика на Факултетот за електротехника, компјутерство и информатика при Универзитетот во Марибор. Доаѓам од Неготино, а моментално живеам во Марибор.

• Како дозна за натпреварот со електрични велосипеди?

Минатата година исто така се оддржа ваков натпревар и одговорниот професор не мотивира годинава да се приклучиме со наша екипа.

pe1

• Какви беа техничните препреки и другите работи на кои требаше да внимавате при изработката?

Моторот треба да има 250 W моќност, велосипедот смее да досегне брзина само до 25 km/h по европските нормативи. Вкупната цена на деловите за надоградба на обичен велосипед не смее да надминува 500 ЕУР кои ги снабди Факултетот. Електромоторот го купивме преку интернет од Кина и не беше скап, за разлика од батеријата, која чини 200 ЕУР.

Натпреварот се состои од три дела. Првиот е издржливост на велосипедот на хиподромот во Марибор, каде што требаше да се вози 2 часа со едно полнење на батеријата. Вториот дел е совладување на 18% наклон долг 200 м. И третиот дел е стандарден паркур за велосипеди (возење со пречки). Во ниеден дел од натпреварот не е дозволено возење на велосипедот со педалите, туку само со електромоторот. Велосипедот мора да овозможува и возење со педали, без струја, иако истото не е дозволено на натпреварот.

pe2

• За кој тест бевте најмногу загрижени?

За вториот дел, бидејќи 250W мотор и не е нешто многу за да ја придвижи тежината на возачот плус велосипедот по 18% наклон. Воопшто не беше изводливо, но добивме добра идеја. Прицврстивме додатно уште еден голем запченик на задното тркало за подобра редукција на вртежите и зголемување на врежниот момент, што ни овозможи да го достигниме врвот на ридот. Всушност додадовме „нулта“ брзина на велосипедот, со најголема редукција.

pe3

 Колку време потрошивте за изработка на електричниот велосипед?

Целиот проект беше готов во три дена, по 5-8 саати дневно.

• Што мислиш, како би се однесувал таков велосипед како средство за јавен превоз?

Тоа би било многу добро решение кое не би и штетело на околината. Брзо стигнуваш каде сакаш, со оглед на тоа дека едно полнење на батеријата (6 саати полнење) е еквивалентно на 30 км досег, за низ град е екстра (проверено).

574517_10151431408925036_254089891_n

• Фала Петар и до скоро ”педалирање”…среќно!

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

You may also like...