Dr. KlausMartens лекар кој увидувајќи дека постоечките воени чизми се неудобни дошол на идеја истите да ги подобри. Тој во 1945 година на класичните војнички чизми им додал помеки ѓонови од авионски гуми и помека кожа.
Две години покасно заедно со својот пријател Herbert Funck започнале со производството на чизмите со воздушен ѓон. Во почетокот најприфатени биле од жените и тоа од чистачки и домаќинки кои за цело време биле “на нога”.
Во 1959 година R. Griggs Group Ltd ги откупи правата за произвотство на чизмите во Велика Британија, малку ја променија петата го воведоа жолтиот шав на чизмите и ги брендираа како AirWair.
Наредната 1960 на први април беше произведена првата 1460 ка, која во безброј варијации се произведува и денес. Од тој период ДрМартенс станаа хит во Англија. Ги носеа поштари,полицајци но и скинхедси и музичари. Станаа хит. Економските текови во наредните години го селеа производството ширум светот за на крај повторно се врати во Велика Британија.