Црно-белиот Кан

Времето во Кан за време на Фестивалот беше доста тмурно: дожд, дожд и повторно дожд.

Можеби тоа беше и причината за изборот на боја која ја презентираа филмските ѕвезди на црвениот тепих. Од ѕвездите во подем, како Кери Малиган и Руни Мара, до веќе етаблираните Кирстен Данст и Маријон Котијар, па дури и супер-моделите како Дуцен Крос, речиси сите беа во црно-бели комбинации. Боја имаше само на некои од високите потпетици како оние на Зои Селдана и на нечии усни обоени со црвен кармин.

И ова воопшто не е лошо. Напротив. Иако немаше боја сепак дамите беа облечни во прекрасни фустани со смели графики и принтови. Не би се изненадиле ако единствена боја што ќе ја гледаме на идните фестивали и гала приредби оваа сезона биде единствено бојата на црвениот тепих.

Zoe Saldana во креација на Ungaro

Zoe Saldana во креација на Ungaro

Rooney Mara во креација на Christian Dior

Rooney Mara во креација на Christian Dior

Kirsten Dunst во креација на Michael Van Der Ham

Kirsten Dunst во креација на Michael Van Der Ham

Doutzen Kroes во креација на Calvin Klein

Doutzen Kroes во креација на Calvin Klein

Marion Cotillard во креација на Dior

Marion Cotillard во креација на Dior

Carey Mulligan во Vionnet

Carey Mulligan во креација на Vionnet

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

You may also like...